Кожув по пет меча конечно победи во Првата лига
Домаќините имаа предност на самиот старт на натпреварот од 8-0, но гостите од Гевгелија се вратија во игра и направија пресврт (21-16).
Црн Дрим одигра добро и во втората четвртина од дуелот, но Кожув во третата четвртина немаше милост за нивниот ривал и стигна до 59-44, по што нивната предност продолжи да расте до 76-58.
Караџовски беше најдобар на паркетот и постигна 25 поени.