Зидан: Нема никаков проблем помеѓу Бензема и Винисиус
„Кралевите“ по првите 45 минути губеа со 2-0, па Бензема имаше совет за својот сонародник и побара од него да не му подава на Винисуис Жуниор. Младиот Бразилец навистина загуби многу топки, но овој разговор на Бензема и Менди предизвика многу внимание кај медиумите.
„Брат те молам не му подавај. Жими мајка тој игра против нас“, му рече Бенема на Менди.
Денеска тренерот Зинедин Зидан ги расчисти сите дилеми и ја осигура јавноста дека нема никаков проблем помеѓу двајцата фудбалери.
„Работите се јасни помеѓу Бензема и Винисиус. Разговараа еден со друг. Работите остануваат на терен. Разговараа и сега работите се перфектни. Нема никаков проблем помеѓу нив, туку напротив. Најважното е тоа што енергијата е присутна пред утрешниот дуел со Хуеска. Вакви работи често се случуваат во фудбалот, но остануваат на теренот, проблемот сега е што има премногу камери насекаде“, рече Зидан.