Кулушевски го спаси Јувентус од пораз сред Торино (ВИДЕО)

Несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски беше херој на италијанскиот шамион Јувентус во ремито (1-1) против Верона во петтото коло од Серија А.

Јувентус во финишот на првото полувреме постигна гол преку Алваро Мората, но погодокот беше поништен по асистенција на ВАР-технологијата поради офсајд.

Кулушевски влезе во игра во 61. минута од дуелот, а потоа успеа да стрела за 1-1 и да му донесе бод на италијанскиот првак.

„Старата дама“ во моментов се наоѓа на петтата позиција со девет освоени бодови, а Верона е осмопласирана со еден бод помалку.