Македонец ќе го води младинскиот тим на австриски Вакер Инсбрук

Ренато Глигороски е поставен за нов тренер на младинскиот состав на австрискиот тим Вакер Инсбрук.

Македонецот кој целата фудбалска и тренерска кариера ја изгради во Австрија доби нов предизвик. Во минатото беше помошник тренер во Австрија Виена, Матерзбург и Сент Пелтен, а сега ќе биде одговорен за создавање млади таленти во второлигашот.

„Плановите и целите на клубот не натераа да дојдам тука во Вакер Инсбрук“, изјави Глигороски за интернет-страницата на клубот. „Вакер е клуб со традиција и со изградбата на својот тренинг-центар има на што да се гордее и е нешто што ме инспирира и мене. Гледам голем потенцијал во клубот за да може да го надополни славното минато. Ќе направ сè што можам да продолжам да го унапредувам младинскиот погон на тимот и да изградам вистинска конкуренција на долги патеки“, додаде Македонецот.