Додека пола лига е во изолација, Пелистер си „гази“ - лесна победа над Куманово!

Во ситуација кога апсолутно никој не знае кога би почнала сезоната во кошаркарската елита, поради фактот што речиси половина од прволигашите се во изолација поради појава на коронавирусот помеѓу играчите, тимот на Пелистер, кој нема вакви проблеми, продолжува со добрите игри во подготвителниот период.

Амбициозните битолчани денеска одиграа пријателски натпревар на гости против Куманово, во кој убедливо победи со 92-77, со само ги потврдија највисоките амбиции за новата сезона со оглед на одличната партија против еден од поквалитетните тимови во Првата лига. Игор Кесар со 19 поени беше најпрецизен кај зелено-белите, Американецот Вилијамс реализира 18 поени со девет асистенции, додека македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски средбата ја заврши со 16 поени и 10 скока.

Андрејевиќ со 18 и Црнич со 15 поени беа најефикасни кај кумановскиот тим.