Девојката која се разбуди од кома поради гласот на Тоти - го запозна својот идол (ФОТО)
Иленија Матија имаше тешка сообраќајка во декември минатата година. нејзината другарка почина, а таа девет месеци беше во кома, но конечно е свесна и го запозна својот идол.
„Иленија, не се откажувај, сите сме со тебе, мораш да се избориш“, беше пораката на Тоти, која ја разбуди 19-годишната фудбалерка на Лацио.
Сега таа имаше емотивна средба со Тоти во болницата во Рим, но за жал во моментов не може да зборува.
„Ми се насмевна, ме прегрна и заплака. Беше емотивна средба и ќе видиме кога ќе излезе од болница“, кажа Тоти.