Косово нека му ја мисли: Пандев со луциден гол со лоб ја почна новата сезона (ВИДЕО)

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, а можеби и на сите времиња, Горан Пандев, со феноменален гол ја отвори новата сезона во Серија, откако со мајсторски лоб-удар го постигна вториот гол за Џенова и тоа сао во 9. минута од средбата со Кротоне.

Претходно, водечкиот гол за Џенова го постигна Дестро. Добрата форма на ветеранот и тоа како треба да го радува селекторот Игор Ангеловски, со оглед што за две недели го играме можеби најважниот меч во досегашната историја, против Косово во полуфиналето од Лигата на нации преку која бркаме пласман на ЕП 2020.