
Делии ликуваат: Партизан се „сопна“ веќе на вториот чекор од новата сезона (ВИДЕО)
Домаќинот поведе во 22. минута со погодокот на Недељковиќ од пенал, додека Сума и Асано направија мини-пресврт со два погодоци за црно-белите. И, кога сите помислија дека натпреварот е решен, новопазарци во рок од пет минути постигнуваат уште два гола и тоа преку Периќ во 73. и автоголот на Милетиќ во 78 минута за голем триумф против фаворитот.
Поразот на Партизан донесе канонада сеирџиски коментари на социјалните мрежи од страна на навивачите на Црвена звезда, кои уште од сега му препорачуваат на вечниот ривал да се откаже од битката за шампионската титула.