Лига 1 стартува на 22 август, големото дерби уште во третото коло
На крајот на април, француските власти решија да го спуштат знамето за сезоната и да ја означат моментната ситуација на табелата како конечна. Така ПСЖ дојде до новата титула.
Денес е потврден датумот на започнување на новата сезона во Лига 1, како и календарот на натпревари.
Првото коло од сезоната 2020/2021 во Лига 1 ќе се игра на 22 и 23 август.
Во првото коло, шампионот на ПСЖ го пречекува Мец, додека Марсеј ќе биде домаќин на Сент Етиен во дербито на колото. Исто така, она што е познато е дека големото дерби помеѓу ПСЖ и Марсеј ќе биде на програмата во третото коло, иако не се знае точниот датум.