„Ибрахимовиќ по само два дена беше газда во соблекувалната на Јунајтед“
Рохо сподели интересен момен за Ибрахимовиќ кој досега на пошироката јавност не и беше познат.
Се сеќавам, имавме пријателски натпревар со Галатасарај во Шведска. Тој само што пристигна во клубот беше стартер. По само неколку минути постигна атрактивен гол, но противникот потоа доминираше и замина на пауза со предност. Па кога на полувреме влеговме во соблекувалната, тој удираше по што ќе стигне, се дереше и ги навредуваше дефанзивците. Бараше да излезат напред, да не се бранат толку длабоко. Само два дена беше дел од клубот, а веќе беше газда во соблекувалната, истакна Рохо