Ковид-19 му го уништи турнирот на Типсаревиќ: Откажани се голем број дуели!
Турнирот на кој учествуваат тенисери од Источна Еропа се одржува од 15 јуни на тениските терени на Академија Типсаревиќ, а последните дуели беа одиграни уште во четвртокот, зашто во претходните денови неколку тенисери имале позитивни тестови.
Ова не е изненадување, со оглед на тоа дека неодамна поради коронавирусот беше откажан и „Адрија Тур“, откако се заразија неколку тенисери, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ.