Мега трансфер во Евролигата: Кајл Хајнс се сели во Италија! (ФОТО)

Еден од најдобрите центри на Евролигата во претходната деценија, Кајл Хајнс, стана нов играч на Олимпија Милано.

Американецот е играч на ЦСКА од 2013 година, а две сезони пред тоа играше за Олимпијакос.

Минатата сезона бележеше по девет поени и шест скокови по натпревар. Наведено е дека Италијанците ќе платат обесштетување за него, но за сега не се знае сумата.