Спектакл во најава: Мекгрегор прифати историска битка во рингот (ФОТО)

Ирскиот борец Конор Мекгрегор го прифати предизвикот на Андерсон Силва и договори историски спектакл до 80 килограми. Сепак, оваа борба уште не е официјално закажана од страна на УФЦ.

Силва има 45 години и е еден од најуспешните во историјата на УФЦ, а како најдобар неодамна го избра и Мекгрегор. Тој во разговор со медиумите предложи борба против Ирецот, по што Мекгрегор на социјалните мрежи напиша дека прифаќа пресметка.

„Воодушевен сум од тоа каков е Мекрегор и верувам дека нашата борба би била историска за овој спорт, зашто никој од нас нема што повеќе да докажува. Верувам дека УФЦ и ММА фановите ќе сакаат ваков спектакл“, кажа Силва претходно.