
Заврши состанокот на Евролигата: Кошаркарите бараат прекин на сезоната!
Кошаркарите објаснија дека два месеци се во карантин и не се доволно подготвени за жестокиот ритам на натпреварите, односно здравјето им е најважно во ситуацијата.
На состанокот учествуваа вкупно 36 кошаркари, односно капитен и по ден кошаркар од секоја екипа, заедно со раководството на Евролигата.
Конечната одлука ќе биде донесена во понеделник, по што ќе биде познато дали сезоната е завршена или ќе продолжи.