Наместо во Барселона, Меси и Гвардиола за малку ќе завршеле во Мадрид
Торес вели дека сакал да го донесе Меси на позајмица, но неговиот план го расипал Франк Рајкард.
„Во првата или втората сезона на Меси, малку недостигаше да дојде на позајмица кај нас во Хетафе. На крајот, планот ни го расипа Рајкард“, открива Торес.
Хетафе веднаш потоа планирал да „украде“ уште една легенда на Барселона, а тоа бил Пеп Гвардиола. Во 2018 година Барселона го отпушти Рајкард по пет години и бараше нов тренер.
„Сакавме да го ангажираме Гвардиола, кој беше тренер на Барселона Б. Во тој момент, Жоан Лапорта не беше убеден дека Пеп е вистинско решение за неговиот тим“, објасни Торес.
Сепак, Гвардиола веднаш потоа седна на клупата на првиот тим на Барселона, каде што постигна големи успеси.