„Ние сме вирусот на Земјата, сега знаеме како им е на животните во Зоолошка“
Еден од најдобрите одбојкари на сите времиња наведе дваесет работи за кои верува дека се случиле од почетокот на пандемијата на коронавирус, а тоа предизвика бројни коментари.
1) Превенцијата спасува повеќе животи отколку лекувањето
2) Медицинските професионалци вредат повеќе од фудбалерите и пејачите
3) Европејците не се образовани како што изгледаше
4) Децата се најважни за природниот поредок
5) Нафтата не вреди ништо ако нема побарувачка
6) Ние, луѓето, сме вирус на планетата Земја
7) Земјата заздравува многу брзо кога сме во мир или кога ќе не нема.
8) Сега знаеме како им е на животните во Зоолошката градина
9) Политичарите сè уште ги штитат своите интереси и немаат идеја што треба да се прави
10) Потребно е да се потрошат многу повеќе пари за јавното здравство наместо оружјето
11) Најбогатите земји на Западот имаат најлошо јавно здравје
12) Поранешните и сегашните комунистички земји се најдобро подготвени
13) Сите брендирани добра за кои потрошивме милиони не вредат ништо
14) Семејствата поивторно се собраа и се запознаваат себеси
15) На крај, најважно е со кој си дома
16) Повторно се откриваат старите вредности: готвење, едукација на деца, сам свој мајстор...
17) Бизнисот и кариерата не се целта на животот
18) Државата само не цица и ни одзема се, а им враќа само на некои
19) Семејството е јадрото и основата на општеството.
20) Доколку по сето наведено и лекциите кои ни ги нуди мајката природа не ги пошитуваме, тогаш заслужуваме да не нема