„Македонката“ Симона Халеп ја најде позитивната страна на Ковид - 19

Најдобрата тенисерка моментално во светот, Симона Халеп, која има македонско потекло, но ги брани боите на Романија, вели дека сепак има нешто позитивно во коронавирусот.

Таа ја победи Серена Вилијамс во минатогодишното финале на Вимблдон, но оваа сезона, сепак, нема да има можност да ја брани титулата бидејќи поради кононавирусот Вимблдон е откажан.

Ја гледам и позитивната страна на коронавирусот, затоа што две години ќе бидам бранител на титулата. Ќе ја носам титулата уште една година, што е добра работа. Најлошото сценарио е да се откаже сезоната. Се надевам дека тоа нема да се случи, но оваа пандемија не е мал проблем, истакна Халеп.

Тенисерката всушност има македонско влашки корени. Нејзините претци се доселени во Романија, поточно во Констанца од Македонија и негуваат силни македонски традиции.