Борусија со порака до заинтересираните: Санчо не е на попуст!

Првиот човек на Борусија Дортунд, Ханс-Јоаким Вацке пред само два дена изјави дека нема да му прави проблем на Џејдон Санчо доколку летово сака да си замине од клубот. 

Сепак, проблем за заинтересираните клубови може да биде фактот што  бундеслигашот не планира да го продва Англичанецот по намалена цена поради коронавирусот. Застојот во фудбалот ќе има значителни финансиски импликациите за клубовите, а тоа може сериозно да го промени и фудбалскиот пазар.

Борусија нема да ја интересираат ниски понуди и не отстапува од бараните 110 милиони евра за младиот крилен напаѓач. Интерес за Санчо има од Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.