Другите тројца ќе почекаат: Тодоров со еден дебитант ќе ги нападне Естонија и Русија!
Последниот филтер не го минаа Виктор Ефремовски, Филип Бакоч и Марко Миловановиќ, кои ќе почекаат на шансата првпат да го облечат светиот жолто-црвен дрес. Можност за „сефте“ меѓу сениорите, пак, доби Андреј Јакимовски, кој и покрај вирозата, поради која пропушти неколку тренинга и мораше да прима инфузија, сепак, ќе собере сили да проба да им помогне на поискусните соиграчи.
Во тимот дефинитивно ќе бидат повредените плејмејкери, Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски, кои имаа проблеми во текот на минатиот ден, а кои беа надминати денеска, со надеж дека ќе бидат стоотстотно подготвени за претстојните два дуели. Првиот ќе го пропушти вечерашниот тренинг поради болка во мускулот на ногата, додека вториот и покрај болките во скочниот зглоб ќе проба да ја одработи и оваа задача.
Тоа значи дека Естонија и Русија ќе ја напднеме со: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски, Андреј Јакимовски, Шејн Витингтон, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Марко Симоновски и Кристијан Николов.