Ред Бул го претстави блидот за новата сезона и ги збуни сите, па дури и своите пилоти (ВИДЕО)

Тимовите во Формула 1 полека ги презентираат своите болиди за новата сезона која ќе стартува наредниот месец.

После Мерцедес и Ферари, денеста тоа го стори и Ред Бул, но при претставувањето целосно ги збуни своите фанови. Причина за тоа е што овој болид изгледа ист како од минатата сезона.

Во тимот направиле неколку промени кои на прв поглед не можат да се забележат, но при самата презентација објасниле дека се направени измени иако болидот потсетува на минатогодишниот, што воедно прокоментира и нивниот возач - Алекс Албон.