Мурињо од страв не се појави на прес-конференцијата: Сакам да ја водам екипата против Севиља и Барса

Жозе Мурињо одлучи да не се појави на прес-конференцијата по победата на Реал Мадрид над Виљареал со 1-0, во натпревар од осмото коло во шпанската Ла Лига, обележан со контроверзни судиски одлуки и исклучувањето на Винисиус.

Португалскиот стратег беше видно нервозен во текот на натпреварот, а неговото незадоволство од судењето кулминираше по ситуацијата во 72. минута. Реал тогаш постигна гол преку Винисиус, но по прегледувањето на снимката со помош на ВАР, погодокот беше поништен, а бразилскиот напаѓач доби црвен картон поради повлекување за коса на противничкиот фудбалер Нејтан Салиба.

Иако „кралевите“ на крајот ги освоија трите бода, атмосферата по последниот судиски свиреж беше далеку од мирна. Мурињо реши да го прескокне разговорот со новинарите, со што дополнително ги засили шпекулациите за неговото незадоволство од арбитражата. Шпанските медиуми објавија дека тој на своите помошници им рекол да објаснат дека нема да се појави на прес-конференцијата затоа што ако отиде ќе каже работи поради кои сигурно ќе биде суспендиран за претстојните натпревари со Севиља и Барселона. Сепак, појавувањето на прес-конференции е задолжително за тренерите, па Мурињо речиси сигурно ќе биде казнет, ама најверојатно само парично.

Победата над Виљареал му донесе олеснување на Реал Мадрид, но тензиите околу судењето, формата на Винисиус и притисокот врз тимот продолжуваат да бидат главни теми во шпанскиот фудбал.