Турски гигант го бара Елмас на позајмица од Наполи
„Калчонаполи24“ објави дека турскиот гигант Бешикташ испратил понуда до Наполи за 18-месечна позајмица на Елмас, со можност да биде откупен на крајот на договорот.
Според првите шпекулации, Наполи не планира да ја прифати понудата од турската екипа, зашто Џенаро Гатузо тукушто пристигна на тренерската позиција, па најверојатно планира да ги користи услугите на македонскиот фудбалер во продолжение од сезоната.