Уште лоши вести за Елмас: Наполи тргнува и по Лукас Тореира
Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека тимот се договори со Софијан Амрабат од Верона, а последните информации говорат дека Џенаро Гатузо инсистира на „Сан Паоло“ да биде доведен и Лукас Тореира од Арсенал.
„Наполитанците“ се подготвени да понудат 30 милиони евра за Уругваецот, кој има желба да се врати во Италија, каде играше за Сампдорија. Борбениот фудбалер од средниот ред не се снајде најдобро во таборот на „топчиите“, кои минуваат низ голема резултатска криза сезонава.
Се чека назначување на нов менаџер на „Емирати“ по што ќе биде позната судбината на Тореира. Ако во Неапол пристигне и Уругваецот, тоа сигурно ќе бидат лоши вести за нашиот Елмас, кој ќе се соочува со голема конкуренција за минутажа, бидејќи тренерот Гатузо на располагање веќе ги има Алан, Пјотр Зјелински и Фабијан Руиз.