Леброн Џејмс: Соиграчите ме разбудија, добро е што има и второ полувреме во кошарката!
Домаќините одиграа одлично во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од осум поени, но гостите се разбудија во вториот дел за нова победа во НБА лигата.
Леброн Џејмс постигна 28 поени, но истакнува дека не е задоволен од првото полувреме.
Поради мене губевме, но моите соиграчи ме разбудија навреме. Играв пасивно и тие ми рекоа дека треба само да бидам свој. Фала му на Бога, кошарката има и второ полувреме, па затоа славевме на крајот, истакна Џејмс.
„Езерџиите“ се лидери во Западната конференција со 23 победи и само три порази.