Мурињо го враќа миленикот од Кина и му дава шанса во Тотнем!?
Управата има доверба во него, па ќе му ги исполни желбите за засилувања во јануари, иако една од нив е навистина чудна и можеби нема да им се допадне на навивачите.
Англиските медиуми објавија дека Мурињо сака да го врати неговиот миленик Маруан Фелаини од Кина.
Фелаини има договор со Шандонг до 2021 година, но доколку клубовите се договорат, Белгиецот би можел порано да се врати во Премиерлигата.