Шкендија плаче и се жали во ФФМ: Петте најдобри судии тенденциозно „свиреа“ против нас во дербито

Шкендија објави официјално соопштение по мечот против Вардар (2-2) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а во истото тие покажуваат незадоволство поради неколку судиски одллуки.

Шкендија има замерки на пет ситуации од споменатиот меч, па се надева дека ФФМ ќе преземе мерки против петте најдобри судии во македонската лига.

„Оваа реакција е поврзана со мечот во Скопје и неправдата нанесена од страна на судиите. Нашите забелешки се поврзани со судиските грешки, па ќе бараме соодветни мерки да бидат преземени кон службените лица, а исто така ќе доставиме видео материјал кој ги покажува грешките.

Серијата одлуки против нашиот тим почнаа во 13.минута кога по центаршут на Алими следеше игра со рака на дефанзивецот на Вардар, Младеновски, а судијата досуди офсајд.

Во 28. минута Ставрев досуди пенал за Вардар, откако Мурати стартувал врз Цветановски, иако јасно може да се забележи дека нема никаков контакт меѓу фудбалерите.

Во 35. минута Шкендија израмни, а веднаш потоа голманот Гачевски без топка го удри Жуниор пред очите на судијата, кој не регираше никако, односно не покажа жолт картон, иако требаше тоа да биде директен црвен картон.

Следи инцидент од 36. минута кога Бесарт Ибраими паѓа во казнениот простор по контактот со Серафимов, но судијата покажа дека тоа е чист старт и му даде жолт картон на Ибраими.

Во 50. минута Шкендија погоди преку Агим Ибраими и голот не беше признаен поради наводен офсајд, иако на снимката може да се забележи поинаква ситуација“.

Доколку судиите имале јасна намера да му наштетат на тимот на Шкендија во спортските цели во домашниот шампионат, тогаш бараме овие поплаки и материјали да бидат истражении прецизно и да бидат доделени казни за да не се повтори нешто слично и да се овозможи да победи најдобриот.