Осасуна ја запре победничката низа на Севилја (ВИДЕО)
Гостите од Андалузија беа во серија од три победи по ред и први поведоа преку Мунир ел Хадади уште во 11-тата минута. Домашните израмнија во судиското продолжение на првото полувреме преку Луис Езекиел Авилја.
Со овој бод Севилја останува на третата позиција на табелата со 31 бод, три помалку од Барселона и Реал Мадрид, кои ги окупираат првите две позиции.