Навивач на Бока шокиран: Додека не плати алиментација, нема да ја види „Бомбоњера“!

Судијата од провинција во Аргентина му забранил на навивач на Бока јуниорс да доаѓа на натпреварите на омилениот клуб додека не ги плати заостанатите алиментации на својата поранешна сопруга.

Обвинетиот не плаќал алиментација речиси цела година, а тоа ја натерало неговата поранешна сопруга да поднесе тужба.

„Обвинетиот Хуго Федерико Суарез не смее да ги посетува натпреварите на Бока јуниорс додека не го исплати целиот износ на заостанати алиментации“, пишува во официјалното соопштение.

Освен тоа што не смее да посетува натпревари на Бока јуниорс, Хуго не смее ниту да оди на концертите на чилеанската пејачка Мон Лаферте за чиј настап во Буенос Аирес имал купено карта.

„Ова е првпат да почнеме ваква постапка, што може да стане моќна алатка против луѓето кои не се свесни дека нивните деца треба да бидат приоритет“, порача судијката.