Суарез откри три имиња кои би сакале да го наследат во Барселона
Сепак, во јануари Суарез ќе наполни 33 години, а и на него му е јасно дека времето му минува и во едно интервју откри имиња на тројца фудбалери за кои смета дека можат да го заменат.
„Еден од нив е Абрахам. Тој е број девет во Челси. Изгледа како многу добар напаѓач. Многу е млад, но движењето му е добро и има одлична завршница. Втор е Макси Гомез. Не само затоа што е Уругваец, туку и поради тоа што има многу квалитет. А тука е и Лаутаро Мартинез, кој исто така покажа дека е фантастичен“, открива Суарез.