И Ел Шарави ја пропушта Македонија?
Ел Шарави тренирал одвоено од групата поради проблем со мускулот и многу веројатно е дека нема да биде во комбинација за дуелот со црвено-жолтите, објавија италијанските медиуми. „Фараонот“ останува со националниот тим, чиј лекарски тим ќе се обиде да направи напор за да го подготви барем за дуелот со Албанија.
Пред стартот на подготовките поради повреда од италијанската селекција отпаднаа Андреа Белоти, Марко Верати, Даниеле Де Роси и Лоренцо Пелегрини, па селекторот Џанпјеро Вентура ќе мора да импровизира со други играчи во средината, во која токму Де Роси и Верати се главна оска на тимот.