Меси за час ипол има повеќе голови од слободен од Роналдо за 694 дена
И после новата бравура на аргентинскиот виртуоз, повторно се отвори дебатата кој е најдобар на светот – тој или Кристијано Роналдо? А, како за податок, кој јасно веројатно отсликува сè е фактот дека Меси за час и половина колку што трае фудбалски меч постигнал повеќе голови од слободен удар од Роналдо во изминативе 694 дена.
Светската јавност заборави кога последен пат Роналдо има дадено гол од слободен. Веројатно статистиката ќе беше поинаква, ако Арон Ремзи во Москва не му го „украдеше“ погодокот во Лигата на шампионите, иако и тој не е така спектакуларен како погодоците на фудбалската ѕвезда на Барселона.