Венгер призна: Баерн Минхен ме бара за тренер
Искусниот Французин ги потврди шпекулациите низ европските медиуми дека навистина имал првични разговори со челниците на „баварците“.
„Ми се јави Карл-Хајнц Румениге и ме праша дали би бил заинтересиран, бидејќи Баерн е во потрага по нов тренер. Заеднички одлучивме дека ќе зборуваме во текот на идната недела. Ова е вистинска приказна“, изјави Венгер.
Тој е без работа последните 18 месеци, откако го напушти кормилото на Арсенал по цели 22 сезони. Во меѓувреме Венгер работи во „БеинСпортс“ како стручен аналитичар на на фудбалските натпревари.