Најголемата косовска ѕвезда доби супер понуда да го засили Милан!

Најголемата косовска ѕвезда Милот Рашица, актуелниот член на германскиот бундеслигаш Вердер добил супер понуда да се пресели во вториот најторфеен клуб во Европа, Милан, објавија германски медиуми.

Според информациите на „90минути.де“, Милан е подготвен да плати 20 милиони евра за извонредниот Рашица, кој е лидер на репрезентацијата на Косово и потенцијален наш ривал во плејофот во март догодина, ако северниот сосед не успее во завршните два меча месецов во евроквалификациите да обезбеди директна виза на Евро 2020 низ Европа.

Инаку за Рашица, освен сериозниот интерес од Милан, е на радарот и на гигантот Борусија Дортмунд, која сака да го види во своите редови.