Ферстапен тотално разочаран: Сите се нормални, само на Хамилтон не му е гајле за ништо!

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе стартува од пол - позицијата на трката за Големата нарада на САД, но квалификациите ги одбележа уште еден судир помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Актуелниот светски шампион пред неколку го нарече Ферстапен глуп и неодговорен, но токму тоа беше Британецот во квалификуваше. Додека возачите се подготвуваа за брз круг, Хамилтон го исфрли Холанѓанецот од патеката.

Кој е сега е*ано виновен? Што се случува. Сите возеа нормално и ја намалуваа брзината, но тој лудуваше на патеката како воопшто да не му е грижа за останатите, урлаше возачот на Ред Бул преку радио врската откако завршија квалификациите.

На ова имун не остана ниту Британецот.

Ништо не се случи. Никаде не пишува дека треба да возиме во колона. Јас тргнав, а тој почна со мене да се трка, додаде Хамилтон.

Британецот математички ќе ја обезбеди шестата светска титула доколку вечерва го освои најмалку осмото место.