Пандевци против Работнички в сабота, три меча во Скопје ден подоцна!
На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, Пандевци после поразот од Велес, но без своите два најдобри фудбалери, репрезентативците Љупчо Дориев и Ѓорѓи Стоилов ќе го дочекаат последниот Работнички, кој по серијата неуспеси нема друг избор освен со победа да се врати и да не дозволи продлабочување на кризата особено што зад ривалите веќе заостанува повеќе од една победа. Судија на овој меч, кој е еден од поинтересните ќе биде Јосип Бартон.
Пресметката на Чаир помеѓу Шкупи и Струга е меч на колото спорд ФФМ, па е доделено на Димитар Мечкаровски со четворица помошници – Дејан Неделковски и Гоце Петревски, како и судиите зад головите Фуркан Идризи и Никола Костенчев.
Вардар по елиминацијата од Купот во Тетово, сега дома ја чека тетовска Ренова со арбитража на Марјан Гоцевски, а за вардарци ќе биде неопходно со победа да ја вратат самодовербата и да ги смират своите редови после случувањата под Шара. Шкендија е домаќин на Борец, а главен судија ќе биде Марјан Младеновски, додека во последниот меч во Ѓорче Петров, на Македонија ЃП и Силекс ќе им суди Јован Качевски.