Федерер се откажа и од Австралија поради семејни причини
На првиот АТП-куп, кој се игра од трети до 12 јануари во Австралија ќе учествуваат 24 екипи, но Федерер нема да биде еден од нив.
„Со големо жалење морам да соопштам дека се повлекувам од натпреварувањето. По разговорот со семејството и мојот тим за претстојната година, решив две недели да поминам подолго дома за да се посветам на семејството“, порача Федерер.