УЕФА отвори дисциплинска постапка: Бугарија обвинета за расистички и нацистички навреди
Англичаните славеа со 6-0 во соседна Бугарија на стадионот во Софија, но мечот помина во сенка на расистичките и нацистичките навреди на публиката.
Во соопштението УЕФА потврди дека отвориле постапка против двата фудбалски сојузи, па наскоро ќе биде позната одлуката.
Двете селекции се обвинети за непочитување на противничката химна, додека Бугарија е обвинета и за расистичко однесување, нацистички поздрави и фрлање предмети на теренот.
„Дисциплинската постапка е отворена по мечот меѓу Бугарија и Англија (0-6) одигран на 14 октомври. Случајот ќе биде разгледан од страна на етичкото и дисциплинското тело на УЕФА на датумот кој ќе биде дополнително потврден“, соопштија од УЕФА.