Израел не успеа да одигра за Македонија, иако водеше во Виена (ВИДЕО)
Захави донесе водство за Израел во 34. минута, но само седум минути подоцна Лазаро израмни на 1-1.
Во второто полувреме следеше распад на Израелците, откако Хинтерегер во 56. минута погоди за целосен пресврт (2-1), а Сабицер во 88. минута ги постави конечните 3-1.
Во нашата група играше и Полска, која славеше со 3-0 против Летонија.
Останати резултати:
Белгија – Сан Марино 9-0
Хрватска – Унгарија 3-0
Холандија – Северна Ирска 3-1
Русија – Шкотска 4-0
Словачка – Велс 1-1