Клоп ги изненади сите: Јас му реков на Кутињо да оди во Баерн!
Тимот од Минхен го зема на позајмица Бразилецот за една сезона од редобите на Барселона, со право на откуп.
Јас лично му кажав на Кутињо дека Баерн добро ќе му одговара. Тој е играч од светска класа и многу добро засилување во Баерн и Бундеслигата, изјави Клоп.
Кутињо во својата кариера има играно и во Интер, Васко де Гема, Еспањол и Барселона.
Во 2010 година го бележи првиот настап за бразилската репрезентација.