Хрватските навивачи се хит на социјалните мрежи: Маестрално отпеаја приспивна песна на едно бебе!
Тие се одлучија да му испеат приспивна песна на едно бебе, а видеото со со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи.
Навивачите покажаа татковински инстинкти, обидувајќи се тивко да ја испеат песната среде улица, а притоа го задржија фокусот на бебето.
Исто така и неговата мајка беше изненадена од гестото на Хрватите.
Инаку, Хрватска на гостувањето во Словачка славеше со 0-4 во рамки на квалификациите за ЕП 2020 година.