Хаос во Копенхаген: Данските навивачи со шишиња ги нападнале српските новинари
И после трилерот во кој домаќините останаа без ништо, вистински хаос се случил во ложата на стадионот. Дански навивачли, веројатно нервозни за елиминацијата на Копенхаген ги нападнале српските новинари.
Дали Србите претерале во славењето, па тоа тешко им паднало на навивачите, ќе остане нејасно, но неколкумина „хулигани“ со шишиња почнале да фрлаат кон новинарите. Како што објавуваат медиумите кај северниот сосед, брзо реагирало обезбедувањето, па спречиле и поголем инцидент, а и повреда на некој од приустните во новинарската ложа.