Мареј го откажа настапот во сингл-конкуренција на Ју-Ес Опен
Поради неговиот лош настап, Мареј реши да не настапи на Ју-Ес Опен, кој ќе се одржи од 26 август до осми септември.
„Мислев дека ќе имам малку повеќе време за одлука за прифаќање на поканата. Не сакав да ја донесам таа одлука денеска, пред да видам како ќе реагира моето тело по мечот. Сакав да видам како ќе се чувствувам по неколку дуели и тренинзи“, објасни Мареј.