Вардар го прегази Леотар и се пласираше во финале на турнирот во Требиње
Вардарци беа доминантни во нивниот втор натпревар за денеска, па уште на полувреме имаше предност од 17-8 и беше јасно дека ќе извојува убедлива победа.
Во вториот дел „црвено-црните“ одиграа уште подобро, па на крајот заслужено го совладаа аутсајдерот Леотар со убедливи 38-18, па така се пласираше во финале на турнирот во Требиње.