Двете европски ѕвездички блескаат и на автобусот на Вардар (ФОТО)
Барам така денеска се пофалија црвено-црните преку своите канали на социјалните мрежи, потенцирајќи дека по разубавувањето на автобусот се вцртани двете шампионски ѕвездички, како и фактот што на него доминира името Вардар.
„Во новата сезона вардарци на своите официјални патувања ќе го користат автобусот кој доби заслужено разубавување. Двете шампионски ѕвездички се веќе вцртани, а името Вардар доминира исто како што ракометарите доминираат во ЕХФ лигата на шампионите и во СЕХА лигата“, напишаа вардарци.
Управата на Вардар со ова само продолжува да обезбедува европски услови за своите ракометари и прави сѐ за да им ги олесни честите патувања, поради што овој клуб е еден од ретките во нашата држава кој на располагање има сопствен автобус.