Работнички потпиша договор со Драган Стојков

Работнички денеска го потврди најновото засилување, а тоа е Драган Стојков, кој пристигнува од второлигашот Беласица и потпиша едногодишен договор.

Стојков може да се пофали со богата интернационална кариера, кадешто настапуваше во Егалео, Јагодина, Илисијакос, ЛА Галакси, Инди и Сент Луис.

Македонскиот фудбалер минатата сезона одигра 29 меча за Беласица.

ФОТО: ФК Работнички