
Пресврт: Солшер му ги расип(ув)а плановите на Интер за Лукаку
И додека „нераѕурите“ бараат начин да го откажат Икарди, но и да заработат од неговиот трансфер, по се изгледа ќе се изјалови и обидот да го донесат Лукаку. Манчестер јунајтед бара 80 милиони евра и нема намера да отстапи од таа цена. Арно ама, за Интер сега не се проблем само парите, туку и фактот дека менаџерот Оле Гунар Солшер замеша прсти за Белгиецот.
Според последните информации, Солшер веќе разговарал со Лукаку и му посочил дека најсериозно смета на него и дека планира да го задржи, па побарал од Белгиецот да остане уште една сезона на „Олд Трафорд“.
Проблем за Норвежанецот е што Маркус Рашфорд сака да биде осамен шпиц, а менаџерот бара начин да ги спои двајцата во нападот. Сега останува да се види дали Интер брзо ќе реагира и ќе влезе во преговори за трансфер, зашто времето им е пократко за ангажман поради тоа што преодниот рок во Премиерлигата завршува за еден месец – пред стартот на новата сезона.