„Грците веќе ни удрија една шлаканица, мора да им вратиме“
Грција и го нанесе на Македонија, веројатно, најтешкиот и најсрамниот пораз во нејзината историја и тоа не може да помине неодмаздено. Дури и во ситуација кога резултатот не носи императив, мотивите за славје вечерва во Струмица се огромни. Ракометарите велат дека сакаат да и го вратат „шамарот" на Грција.
„Видовме колку може да биде незгодна Грција, одигра нерешено со Исланд. Ќе мора да одиграме максимално ако сакаме добар резултат. Грците веќе ни удрија една шлаканица, во октомври, така што не смееме да дозволиме тоа да се случи уште еднаш“, изјави Филип Талески.
Математиката пред натпреварот е едноставна, Македонија влегува со 7 бода, на првото место, зад неа е Исланд со 6, а поради подобриот меѓусебен однос доволно е да се одлепиме и на плус два за да биде сигурно првото место, кое носи подобар пласман во барабаните за ждрепката за Евро 2020 кое веќе е обезбедено.
Македонија денеска против јужниот сосед ќе игра без Стојанче Стоилов, капитенот на европскиот првак Вардар, а селекторот Данило Брестовац направи три замени во составот иќе тргне во атак триумфално да се запечати првото место во групата.