Неста доби отказ, негова замена ќе биде Одо?
Иако Перуџа под негово водство го осигура местото во плејофот, на крајот беше елиминирана од Верона (4-1). Затоа раководството на клубот одлучи да му врачи отказ на легендарниот поранешен фудбалер.
„Ова беше неверојатно искуство за мене. Перуџа ми овозможи да се развивам како тренер и да го работам тоа што најмногу го сакам. Им се забалагодарувам на соработката на сите во клубот, како и на навивачите кои не подржуваа цела сезона“, изјави Неста.
Како негов наследник во моментов прв фаворит е неговиот поранешен соиграч од времето во Милан, Масимо Одо.