Ивановиќ одбил допинг-контрола: Ги исфрлил од тоалет!
Луѓе од Руската анти-допинг агенција побарале од фудбалерот на Зенит да даде примерок за тестирање, но Србинот одбил. Расправата траела околу еден час и тој потоа ги исфрлил од тоалетот во кој требало да биде земен примерокот.
„Руската анти-допинг агенција забележа недолично однесување од фудбалерот на Зенит, Бранислав Ивановиќ за време на тестирањето. Рускиот фудбалски сојуз и клубот не информираа дека ќе преземат мерки против фудбалерот и тој ќе биде казнет“, изјавила Маргарита Пакнотскаја, земаничката на генералниот директор на Руската анти-допинг агенција.