Дебакл на великанот: Андерлехт после 56 години првпат нема да игра во Европа
Пред последното коло Андерлехт и Гент беа бодовно израмнети во борбата за последното место, кое обезбедуваше пласман во Европа, а на крајот поуспешни беа домаќините.
Гент поведе во втората минута, а Андерлехт израмни во 74. минута на 1-1. Сепак, две минути подоцна домаќините ги поставија конечните 2-1 и обезбедија пласман во Европа.
Титулата уште во четвртокот ја освои Генк, кој ќе настапи во Лигата на шампиони.